Стандард се закани дека ќе ја напушти белгиската лига

Белгискиот фудбалски прволигаш, Стандард од Лиеж, се закани дека ќе ја напушти лигата, доколку челниците на Фудбалските сојузи на Белгија и Холандија, не договорат заедничко првенство, на што инсистираат најголемите клубови на Бенелукс.

„Доколку најголемите клубови од Бенелуксот не добијат своја лига, која ја поддржуваат Андерлехт, Бриж, Ајакс и ПСВ Ајндховен, белгискиот фудбал ќе умре. Во тој случај ние размислуваме да се приклучиме на француското првенство. Големи пречи за оваа идеја не гледам, но јасно е дека Французите ќе мора да дадат зелено светло’, изјавил сопственикот на Стандард, Ролан Душателет.
За формирање на лига на Бенелуксот, во која би се натпреварувале 12 екипи, се зборуваше во минатото, но без да бидат превземени некакви конкретни чекори.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: