Три недели пауза за Руни

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, поради повреда, од фудбалските терени ќе отсуствува две до три недели.

Руни ги истегнал лигаментите на коленото, на загревањето пред натпреварот со Њукасл, кој се одигра во средата и заврши со победа на Јунајтед со 4:3.
Со победата над Њукасл, ’црвените ѓаволи’ се оддалечија од Манчестер Сити на седум бодови, актуелниот првак загуби од Сандерленд со 1:0.
Во следниот натпревар, на 1.јануари, Манчестер Јунајтед ќе гостува кај Виган.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: