Нема ништо подобро од тоа да се наежите кога ќе добиете порака на мобилниот од вашето момче, особено ако таа порака содржи, на ваше задоволство, фотографии.
Денеска сите ја знаеме оваа форма на пораки – „секстинг“ или секси пораки.
Со предноста на камерите на мобилните телефони, праќањето фотографии преку пораки, вклучувајќи ги и секси сликите, станаа дел од нашето општествено постоење. „Секстингот“ е нешто интересно што може да го правите со вашата друга половина, но може и да подисплаши, во зависност од праќачот.
Секогаш има и лоша страна на овие работи, но најопасната е што не се знае каде може да завршат овие фотографии. Вашето момче не значи дека секогаш ќе ви биде момче, а праќање смешни или експлицитни фотографии и на вашите пријатели, може исто така да биде замка. Запамтете, пријателите доаѓаат и си заминуваат.
Така да, еве ги правилата за „секстинг“.
Првото правило е – осигурајте се дали може да и верувате на таа личност во целост. Што може да ви помогне да го заклучите тоа? Потпрашајте дали е одмаздољубив доколку некои негови пријатели направат шега со него. Доколку осеќа потреба да им врати, размислете два пати пред да притиснете „прати“ на пораката.
Второто правило – останете класични. Звучете како да сугерирате нешто, но никако премногу нападни, барем не на почеток. Добар избор е слатка фотографија од вас со натпис „едвај чекам да те видам ноќва“, е сосема во ред.
И правило број три – ако сакате да бидете малку попровокативни, осигурајте се овие слики да не останата засекогаш во неговиот мобилен телефон. А со денешнава техноогија, тоа не би требало да ви претставува проблем.
Постои одлична апликација, доколку поседувате „iPhone“, со која секоја провокативна фотографија што ќе ја направите, се брише во рок од неколку секудни, така што откако ќе ја отвори примачот, потоа нема да може да ја види никогаш повторно, а уште помалку да ја зачува.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: