Донесувате ли новогодишни одлуки?

 

Стартот на Новата година е добра прилика за нов почеток. Голем број од луѓето пред најлудата ноќ си ветуваат неколку работи за кои ќе се стремат да ги остварат или поправат во годината што следува.

Некои си прават листа на желби кои сакаат да ги исполнат, други пак, само ќе запаметат едно или две нешта до кои сакаат да се држат во идниот период. Меѓутоа, многу почести се случаите во кои луѓето само си замислуваат што треба да остварат, отколку случаите кога навистина го исполнуваат предвиденото. Издвоивме неколку од најпопуларните идеи кои секогаш паѓаат на памет пред Новата година и за кои постои голема желба да се остварат.

 

1. Губење на килограми и одржување подобра форма;

2. Здрава исхрана;

3. Подобра организација;

4. Штедење пари;

5. Учење некоја нова вештина (јазик, танц и сл.);

6. Намалување на консумацијата на алкохол и цигари;

7. Волонтирање или остварување на некоја добротворна активност;

8. Заљубување;

9. Почести патувања;

10. Поминување повеќе време со семејството.

 

Во однос на тоа кој ги исполнува, а кој само си ги замислува желбите, испитувањата покажале дека почесто жените се оние кои стојат до зацртаните планови и ги остваруваат. Во тоа се уште поуспешни доколку се организираат заедно со пријателките. Мажите пак, полесно ги остваруваат оние желби за кои е потребен само одреден, пократок период.

За некои луѓе донесувањето одлуки кои треба да се остварат во периодот по најлудата ноќ е нешто без кое не можат да ја започнат следната година. За други пак, тоа е нешто лудо. Сепак, ваквите зацртувања на идеи се традиција која трае од времето на Стариот Рим.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: