Во текот на последниве 26 години е забележан континуиран раст на консумирање пиво во светот. Според јапонската корпорација „Кирин Холдинг“, во 2012-тата година се испиени 189 милиони килолитри пиво, што е за 3.8% повеќе во споредба со годината пред неа.
Оваа огромна количина на консумација на пиво е доволна за 152 пати да се наполни токијскиот стадион за бејзбол.
Девет години по ред водечката позиција во пиење пиво ја има Кина, каде консумацијата со секоја наредна година се зголемува за околу 10%. Во земјата со најмногу жители се има испиено речиси една четвртина од вкупно консумираното пиво во светот. На второ место се САД, а по нив следуваат Бразил и Русија.
Единствено во Јапонија е забележан пад на консумацијата на овој пијалак. Во изминатата година се испиени 3.4 % помалку пиво, споредено со 2011-тата година.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: