Интересни податоци за дијамантите

Како асоцијација за чистота, долготрајност и како симбол на многу култури во светот, дијамантите несомнено го привлекуваат сечие внимание. Таквиот статус дијамантот го има заслужено со своите неверојатни физички својства кои луѓето уште многу одамна ги откриле.

 

Исто така и неговите особини како неверојатна тврдост, реткост, проѕирност и бистрина го прават да биде најпосакуваниот камен, особено популарен кај жените.

Постојат неколку интересни факти за дијамантот, а ние ви претставуваме дел од нив.

1. Дијамантот, иако е најтврд минерал на светот, сепак не е неуништлив. Тој може да биде напукнат доколку силно се удира со чекан.

2. 80% од ископаниот дијамант е суровина за индустријата, а само 20% е доволно квалитетен да се користи за накит.

3. Дијамантот настанал пред 3 милијарди години под земјината површина од јаглерод под силно влијание на високите температури и притисокот.

4. „Стогодишниот дијамант“, 273.85 каратен, е дел од богатството на британската кралица и е еден од најголемите и најдобро обработени дијаманти, без никаква грешка.

5. „Де Бирс’ е компанија која продава дијаманти, но по свои посебни правила. На почетокот оваа компанија поседуваше 90% од пазарот на дијаманти, а во последниов период поседот се намали на 65%.

6. Седумте земји кои произведуваат околу 80% од вкупните залихи на дијаманти во светот се: Русија, Ангола, Намибија, Заир, Австралија, Боцвана и Јужноафриканската Република.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: