Ветераните на ФК Вардар, во средата во просториите на кабинетот на Град Скопје, имале предновогодишно средба градоначалникот Коце Трајановски. На средбата било разговарано за состојбите, но и за идеите и предлозите за подобар ФК Вардар во иднина.
На средбата со привиот човек на Скопје присуствувале: Трајко Стаматовски, Кирил Дојчиновски, Васил Рингов, Илија Најдовски, Драган Мутибариќ, Кочо Димитровски, Ванчо Трпевски, Душан Шуица, Коки Аврамовски, Мето Спасовски, Љупчо Марковски, Саша Ќириќ, Антонио Филевски и Мирко Спасовски.
Градоначалникот Трајановски ја изразил својата благодарност што на средбата дошле речиси сите легенди и ветерани на ФК Вардар, клуб којшто Град Скопје го презеде и вложи финансиски средства и на кого му даде комплетна логистичка поддршка.
Легендите на ФК Вардар искажале свои мислења и изнеле предлози за подобрување и стабилизирање на клубот во иднина.