Бритни Спирс со најголема заработувачка помеѓу жените во музичкиот бизнис, во последнава година и не само од продажбата на нејзините албуми.
Албумите, Икс Фактор шоуто, рекламиирањето и парфемот и донесоа на Бритни 58 милиони долари во последнава година. Договор со козметиката „CoverGirl“, нејзината сопствена линија на парфеми, безбројните хитови и масивното внимание кое го привлекува со нејзината слава, ја направија број еден жена со најголема заработувачка, пред Тејлор Свифт.
Ријана заработи околу 53 милиони долари , со што се наоѓа на третото место, две места погоре од минатата година, а по неа следи Лејди Гага , која падна од првото место во 2011 со заработка од 52 милиони.
Кети Пери, единствената музичарка после Мајкл Џексон со пет –број 1- хитови по ред од еден албум, се најде на петтото место со 45 милиони долари.
Сите се импресивни и помлади, но ниедна не би можела да ја достигне Бритни со цифрата во банка.
Бритни Спирс, која минатата година беше на десетото место, повеќето од парите ги заработи од нејзиниот последен албум Фем Фатал и нејзината последна турнеа, плус 15 милиони долари од Икс Фактор.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: