На тренерот на екипата на Манчестер Јунајтед му се заканува суспензија од страна на Фудбалската асоцијација на Англија поради критиката на судијата на мечот со Њукасл.
Алекс Фергусон со неколку негативни коментари за работата на судијата на мечот со Њукасл кој неговиот тим го доби со резултат 4-3.
На Фергусон воопшто не му се допадна судиската реакција за вториот гол за кој Фергусон смета дека е постигнат од офсајд.
„Главниот судија на мечот влијаеше врз линискиот судија да ја промени одлуката. Мајк Дин можеше да го види тоа, се гледа на снимката“ изјави Фергусон.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: