Фоторепортери ја забележале 38 годишната Тајра Бенкс во јакна , црни капри панталони, бејзбол капа и без грам шминка на лицето.
Навистина е реткост да ја видиме Тајра во поинакво издание. Навикнати сме на нејзиниот изглед кој секогаш делува како штотуку да излегла од насловна страна на некое списание. Токму затоа овие фотографии се малку шокантни. Но, излезена е да џогира, така што можеме да ја разбереме.
Штета што Тајра не приметила дека ја следат папараци. Во секој случај, овие не толку секси фотографии сигурно ќе и помогнат во нејзината мисија да ја подигне свеста и самодовербата кај младите девојки. Добар почеток за нив е ако видат супермодел без тон шминка и фотошоп.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: