Празниците нема да бидат интересни доколку не се поминат во шатор на екстремно ниски температури. Така тврди истражувачот Ерик Ларсен, кој четири пати во последниве 5 години го поминал Божик на Антарктикот.
Моментално е во обид да постане првиот човек кој успеал да помине 1.200 километри со велосипед. Предвидената патека се протега од морскиот залив Херкулес до Јужниот пол. Оваа е негова прва експедиција откако стана татко, како и прва на која оди сосема сам.
41-годишниот истражувач на својата интернет страница секојдневно објавува фотографии од експедицијата. Како што вели Ларсен до целта му останале уште 930 километри.
Она што не интересира е од каде црпи толкава сила и кондиција за да помине толку многу километри. Како што објаснува тој, после секој час возење прави пауза за да изеде чоколада која му дава енергија. Исто така она што е многу важно е убав и богат оброк кој го јаде на секои 4 часа и 30 минути.
Ларсен секојдневно во периодот од 9 до 18 часот и 30 минути, во просек поминува по 40 километри. Како што вели тој, мотивацијата за да измине толку многу километри во еден ден доаѓа исклучиво од неговото семејство.
„Единственото нешто што ме мотивира да возам толку брзо е тоа што дома имам дете кое има потреба од татковско внимание. Исто така сакам да им покажам на луѓето дека со возењето на велосипед може да се смени светот“ – вели Ерик Ларсен.
Ова не е прв рекорд на истражувачот. Во 2006-та година тој отиде до Северниот пол со кану преку отворено море, а во 2009-та и 2010-та година отиде со скии до двата пола како заштитно лице на експедицијата која се водеше под слоганот „Да ги спасиме половите“.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: