Фиго лобира за својот сонародник

Прославениот Португалец се надева дека Кристиано Роналдо би можел да го повтори својот успех од 2000-тата година, но вели дека реално мали биле шансите за такво нешто.

Фиго смета дека Кристиано Роналдо го заслужил индивидуалното признание „Златната Топка“.

„Ја освои лигата, играше добро во Лигата на Шампионите, ја предводеше селекцијата на Португалија до полу-финалето, тоа е тоа, го направи тоа што се бараше од него, мислам дека е премногу сериозен кандидат, се надевам, но има и други, четвори, пет кандидати за таа награда“ изјави Фиго.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: