Пепе: Странците во Примера секогаш се на мета на медиумите

Бразилецот вели дека странските фудбалери во Ла Лига се секогаш на мета на удар на медиумите во Шпанија.

Пепе вели дека странците во оваа лига на своја кожа го чувствуваат поинаквиот третман.

„Секаде е така, но во Шпанија е најизразено, кога се бира помеѓу Португалец и Шпанец, јавноста секогаш се става на страната на својот сонародник, лошите работи секогаш се бараат кај нас, ние кои доаѓаме од други земји“ изјави Пепе.

Тој додаде дека не знае што ќе направат Мурињо и Роналдо, иако со Роналдо се најдобри пријатели.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: