Анчелоти: ПСЖ и Јуве на чекор зад Барса

Тренерот на Париз Сент Жермен, Карло Анчелоти, оцени дека главниот збор во Европа го води Барселона но дека Јувентус и неговиот тим се веднаш зад шпанскиот гигант.

Карло Анчелоти немаше дилеми кога ги оценуваше тимовите кои се главни фаворити околу освојување на трофејот во Лигата на Шампионите.

Барселона, според Анчелоти го има главниот збор, без никакви дилеми, но Јуве и Париз Сент Жермен би можеле да се пофалат со тоа дека се наоѓаат веднаш зад гигантот од Шпанија.

„Само Барселона е незапирлива во Европа. Веднаш зад тој тим се наоѓа група на екипи меѓу кои се Јувентус но и мојот Париз Сент Жермен“ изјави Анчелоти.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: