Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, попладне во западните и во југозападните планински делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 30 до 37 степени.Во Скопје ќе биде сончево со мала до мерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 19 до 35° С.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Во наредните денови продолжува претежно стабилно и топло време во кој дневните температури ќе бележат пораст, а до средината на наредната седмица на повеќе места ќе надминуваат 35 степени. Во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и 39 степени. Во овие денови во попладневните часови во западните планински делови ќе има почеста облачност. Од петок температурите позначително ќе опаднат и ќе има повторно појава на нестабилност проследена со локален пороен дожд и грмежи.Во Скопје ќе биде сончево со мала до мерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 19 до 35° С.