Навреда кон Роналдо: Само оди си, ќе го купиме Меси!

Се по очигледно е дека Кристиано Роналдо ќе го напушти тимот на Реал Мадрид во брзо време.

Роналдо и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, никако не успеваат да најдат заеднички јазик и да се договорат околу одредени работи. Преговорите околу продолжување на договорот на Португалецот едноставно стојат во место.

Дали се проблем парите или нешто друго, може само да се претпоставува. Останува фактот дека Роналдо и Перез со месеци не успеваат да најдат заеднички јазик.

Наводно, според последните шпекулации кои ги пренесуваат дел од шпанските медиуми се вели дека наводно Перез му кажал на Роналдо – „Доколку сакаш да си одиш, нема да ти правиме проблеми, со заработените пари од оштетата веднаш ќе тргнеме по ангажман на Меси“.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: