Откриена мистеријата за круговите на дното на морето

Во јужното приморје на Јапонија, годинава беше забележано нешто досега невидено. Имено, Јоји Оката, јапонски фотограф, на дното на морето фотографирал правилни кружни облици со дијаметар од два метри.

Истите не ги забележал никогаш порано, иако со оваа работа се занимава 50 години. Веднаш потоа дошол и со телевизиска екипа со која го забележале овој момент и го насловиле „необично откритие“.

Но мистеријата конечно е решена. Станува збор за малечка риба, со должина од само неколку сантиметри, која со една единствена перка ги создава тие кругови. Рибата неуморно работи ден и ноќ како би го завршила „дизајнирањето“ на дното на морето. Користа од овие кругови е двострана. Формата ги привлекува женките за да ги положат јајцата тука, а воедно на тој начин ги штити истите од морските струи.

Сепак оваа не е единствената мистерија поврзана со водите. Околу 70% од површината на Земјината топка е прекриена со вода. На секое дно на морските, езерските и океанските води се кријат можеби и најголемите тајни. Се смета дека околу 95% од она што е под водата, досега не е видено од страна на човекот. Според тоа, има тврдења дека постојат повеќе слики и сознанија за Марс, отколку за случувањата на дното на водените површини.

Откривањето на оваа тајна беше само мал чекор кон откривање на мистериите во длабочините на водите. Ни остануваат уште 95%.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: