Фулам благодарение на погодокот на Димитар Бербатов во рамките од 19-тото коло од Премиер Лигата против Саутемптон дојде до бод.
Во 19-тото коло од Англиската Премиер Лига, Фулам на натпреварот против Саутемптон освои еден бод, а единствен стрелец за домаќините во ремито од 1-1 беше бугарскиот напаѓач Димитар Бербатов.
„Тоа што го направи Бербатов е малку глупаво и морам да поразговарам со него околу тоа, веројатно мислеше дека ќе се извлече без жолт картон. Не е тоа најпаметната работа, но сакаше да испрати порака“ изјави Јол.
Димитар Бербатов на својата маица имаше „Само смирено, и додадете ми ја топката“.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: