Ви ја претставуваме Моника Ѓорѓиева, родена во Скопје во 1990 година.
Хороскопски знак Лав, висина 1.80, тежина 60 килограми, пропорции 90-60-93.
Дипломиран економист, насока финансиско банкарски и даночен менаџмент. Моментално студентка на постдипломски студии на Економскиот институт на Меѓународен менаџмент.
Го сака учењето и смета дека најисплатлива инвестиција на човекот е да вложува во сопственото образование и постојано да се усовршува и надминува себеси.
Покрај редовните студии на факултет сака да учи странски јазици, одлично го владее англискиот и шпанскиот, додека германскиот и рускиот се труди да ги усоврши. Се занимавала со манекенство и била член на модното студио моделс ин, но не се пронашла во тој свет… Повеке преферира слободното време да го посвети на спортски активности. Од зимските спортови најмногу го сака скијањето, додека на лето сака да пливам, нурка , рола, планинари , трча, а преку целата сезона посетува теретана. Не е зависник од никаков порок, води здрав живот во вистинска смислаи единствено несака да помине еден ден без да биде физички активна. Практикува денот да и започне со тренинг во теретана рано наутро од понеделник од петок, додека викендот го користи за планинарење на водно. Покрај спортот исто така многу сака да танцувам, ги обожава латино танците. Сака да чита книги. Омилени писатели и се Паоло Коелјо и Робин Шарма. Сака да шетапо светот и да запознава различни култури, народи и обичаи. Тоа и претставува огромно задоволство затоа што е и голем авантурист по природа. Најомилена, воедно и најдалечна дестинација што ја посетила е Кина, земја која изобилува со културно богатство. Пекинг е град кадешто може да се доживее минатото, но истовремено претставува и политички, културен и образовен центар, додека Шангај е град на иднината. Како економист, напоменува дека е град со најбрзо растечка економија во светот. Омилен европски град и е Виена, а би сакала да живее во Монако… Доблести и карактерни особини и се комуникативна, амбициозна, харизматична, лојална, хумана, голем оптимист, упорна и никогаш не се откажува од определената цел. Несака да сонува – сака да го живее нејзиниот сон! Покарактеристични мани и се тоа што многу ретко отстапува од своите принципи, знае што не сака и знае дека обожува да се слика! Се гордее на сите нејзини доблести и мани. На сите што читаат го Пулс24 им порачува да го обојат својот живот со разни бои, и никогаш да не се разочаруваат или откажуват од својот сон. – Уживајте во светлите тонови низ животот затоа што нема да траат засекогаш, а не се разочарувајте од потемните нијанси затоа што и тие не се вечни вели Моника… А уживајте и во нејзината галерија… Која е и повеќе од прекрасна. Моника е македонка со можеби најубаво тело, со совршени пропорции и драго ни е што ни дозволи да им ја приближима на нашите читатели. Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се
печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.