Во моментот кога ќе се родите како жена, се очекува да живеете според одредени очекувања. Некои жени ги занемаруваат овие очекувања, бидејќи истите ги сметаат за застарени.
1. Како да готви/чисти/да прави што било
Од жените се очекува да бидат совршени домаќинки. Да чистат, да готват, да го прават се она што го прави една просечна домаќинка, односно стабилноста на домаќинството да биде нивен прв приоритет. Но, тие не го прават тоа повеќе. Во последно време многу ретко среќаваме жени кои знаат да прават нешто друго освен да го земат телефонот и да нарачаат, но некои пак ни тоа не го прават. Денес, реткост е да се најде жена што знае да чисти и готви, затоа што многу жени се претопија во најголемиот кошмар на мажите – феминизмот.
2. Да го почитува мажот
Жените би требало да бидат отмени и пристојни, но тоа е многу тешко да го направат ако се „дружат“ со многу момци во различни клубови секој петок. Изгледа како жените од оваа генерација никогаш да не слушнале за фразата „Никој не би купил крава, ако го добиваат млекото бесплатно“.
3. Да се однесува како дама
Се очекува од жените да се однесуваат како дами, како вистински благородни жени. Но, денес е различно. Жените плукаат, дофрлаат секакви пцовки, со други зборови личат повеќе на мажите. И тоа е во ред. Но само во случај ако се пријатели со мажите, а во првиот момент кога треба да се излезе на состанок со ваква жена или пак да ја претстави пред своето семејство, мажот и тоа како ќе размисли два пати.
4. Да има смисла за хумор
Можеби ова и не е баш вообичаено очекување од жените, но е нешто што им недостасува на многу жени од денешницава. Премногу се оптеретуваат што точно сакал да каже мажот. Меѓутоа, не треба да ги сфаќаат многу сериозно и да се навредуваат секогаш кога мажите ќе направат некоја мала, безопасна шега за нив. Бидете поопуштени и ќе оставите и подбар впечаток.
Пронајдете не на следниве мрежи: