Македонската џудо федерација ги избра најдобрите за 2012 година, лауреати за оваа година се Владимир Стојаноски во машка и Блерина Сефери во женска конкуренција.
Стојаноски, во составот на јуниорската репрезентација настапи на Балканското првенство за јуниори и на Србија Опен, тој се закити со златен медал од Државните првенства за јуниори, сениори и млади сениори до 23 година.
Сефери, во составот на пионерската репрезентација на Македонија настапи на Балканијадата во Сливен, Бугарија, таа се закити со златен медал, кој е прв во историјата од Балканските првенства, покрај тоа таа го освои и златниот медал од Државното првенство за пионери.
Џудо федерацијата во иднина ќе се насочи кон усовршување на џудистите од овој калибар, со цел да им се овозможи континуиран развој и освојување на уште многу медали од Европските и Светските првенства и Олимписките игри.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: