Дали Миранда Кер и Орландо Блум имаат брачни проблеми

Парот е забележан заедно со својот син Флин, иако постојат гласини дека тие имаат брачни проблеми.  Ова е првпат после многу месеци тие да бидат видени во јавноста.

Но, изгледа гласините за нивниот разнишан брак се преувеличени. Или тоа, или парот има поставено огромен штит.

 

Блум, Кер и синот Флин вчера се фотографирани како ја напуштаат куќата на нивните пријатели во Лос Анџелес и можеме да кажеме дека изгледаат како едно навистина среќно семејство. Облечени сосема опуштено, изгледаа навистина расположено и во весел празничен дух, спремни за новогодишните празници кои што претстојат.

 

Кер ги демантираше гласините за нивните проблеми, кои се појавија кога Кер беше забележана премногу блиску до Леонардо Дикаприо на неговата роденденска забава: „Штотуку поминав два месеци во Јужна Африка со Орландо, додека го снимаше „Зулу“, Навистина е прекрасно кога го поминувам времето со него додека снима, да бидам таму за него, да бидам мајка, да бидам сопруга“. Овие гласини ги демантираше и мајката на Орландо: „Се е во ред“.

 

Па дали парот е едно идеално среќно семејство, или пак маска пред јавноста, останува да видиме.

Пронајдете не на следниве мрежи: