Можеби на повеќето од вас вампирите од Македонија ќе ги асоцира на нашите политичари кои во изминатиов период секојдневно преку своите политики, убедувања и говори, ја цицаат свеста и здравиот разум на македонскиот народ.
Но, тука станува збор за “вистинските“ вампири кои биле дел од територијата на Македонија.
Ликот на вампирот во македонските верувања и преданија е едно од најнепрочуените демонски суштества за кои има одредени докази кој датира од 19-ти век. Материјалите сведочат за животот на вампирите на македонска територија, за верувањата на населението во нив, како и за начинот на создавање на вампирите односно на верувањата за постоење на македонски вампири.
Првите записи за вампирите во Македонија се соберени од македонскиот собирач на усно творештво Марко Цепенков. Неговите материјали се објавени во 1972-рата година, каде што сите материјали биле предадени на Институтот за фолклор од Скопје.
Дел од “доказите“ и материјалите покажуваат дека првите вампири во Македонија се појавиле на територијата кај планината Јабланица. Таму населението сеуште верува во овие митски преданија и дури се говори дека постојат одредени гробници на вампирите од Македонија.
За вампирите во Македонија се верува дека се делеле на два вида:
1. Духови на умрениот човек каде што таквиот човек-вампир е невидлив
2. Како жив труп односно труп оживеан од сопствениот дух.
Исто така, во минатото постоеле најразлични имиња за вампирите. На пример, македонците во Гевгелиско ги нарекувале вампирин, во Охрид – вопер, во Преспа – вопир и слично.
Денес, современиот македонец се помалку верува во преданијата на старите македонци дека на нашата територија навистина постоеле вампири кои го заплашувале тогашното македонско население.
Но, едно е сигурно – денес имаме “посебен“ вид на вампири кои наместо крв, преферираат да цицаат здрав разум и свест.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: