Пензионерот кој беше нападнат од поддржувач на Црвенковски изјави дека откако Есад Рахиќ го тргнал на страна му рекол да сфати дека половина од луѓето што биле на блокадата на опозицијата се наркомани.
-Сакам да ви помогнам, знам што се случува, видов. Сфатете дека половина од ова што го гледате овде тоа се се наркомани, рекол Рахиќ.
Овој политичар еднаш беше избркан од СДСМ, па на повик на Црвенковски се врати пак. Тој се врати во партијата откако Бузлески и Бучковски беа избркани од неа.
Со оваа изјава јасно кажува што мисли за симпатизерите на партијата на Бранко Црвенковски.
Пронајдете не на следниве мрежи: