Мајка и четири деца загинаа во пожар во Оклахома

Соседството во северна Оклахома, градот, се разбуди во ужасен кошмар.

Греалка ставена премногу блиску до запаливи материјали предизвикала пожар во средата наутро. Домот каде се случил ужасот, немал детектори за чад. 

Жанин Боне (28 години) и нејзините 4 деца на возраст помеѓу 3 и 8 години беа жртвите во пожарот. Семејството не добивало гас со години, па тие морале да користат повеќе греалки низ целата куќа за да им биде топло.

Пријател на семејството, кој исто така бил внатре во куќата, скокнал од прозорецот и веднаш добил медицинска помош, додека момчето на Жанин е во критична состојба. Тој се здобил со течки изгореници на рацете и нозете.

Таткото на децата нема да има доволно пари да ги погреба своите деца, изјавил близок пријател на семејството, кој кажува: „Тој изгуби се што имаше на овој свет.“

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: