Поранешниот Македонски натурализиран кошаркарски репрезентативец Џеремаја Мејси ќе биде петтиот Македонски кошаркар во Евролигата за оваа сезона, Мејси потпиша за германскиот тим Бамберг.
Покрај Лестер Бо Мекејлеб (Фенербахче), Перо Антиќ (Олимпијакос), кошаркари кои се во Топ – 16 фазата од Евролигата, и Владо Илиевски и Маркис Грин кои со екипата на Цедевита испаднаа во групната фаза, влегува и петтиот наш интернационалец, тоа е Џеремаја Мејси кој во иднина ќе настапува за германски Бамберг.
Тимот на Мејси се наоѓа во групата „Е“ каде што се и екипите на Реал Мадрид, Уникаха, Алба, ЦСКА М. , Ефес, Панатинаикос и Жалгирис.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: