Пензионерот кој беше физички нападнат од симпатизер на СДСМ не е партиски активист, туку загрижен граѓанин. На протест отишол за да постави прашање на пратеникот Тито Петковски кој го игнорирал него и насилникот.
Toj беше нападнат од поддржувач на Црвенковски изјави дека откако Есад Рахиќ го тргнал на страна му рекол да сфати дека половина од луѓето што биле на блокадата на опозицијата се наркомани.
-Сакам да ви помогнам, знам што се случува, видов. Сфатете дека половина од ова што го гледате овде тоа се се наркомани, рекол Рахиќ.
Овој политичар еднаш беше избркан од СДСМ, па на повик на Црвенковски се врати пак. Тој се врати во партијата откако Бузлески и Бучковски беа избркани од неа.
Господинот нема никого да тужи, иако знае кој го нападна. На информативниот разговор во полиција дознал дека против сторителот ќе има кривична пријава.
Погледнете ја изјавата во која вели “Јас само како граѓанин поставив едно прашање, ме боли мене за Македонија, јас имам 70 години”.
Пронајдете не на следниве мрежи: