Управата на „Старата Дама“ нема намера да се откаже од ангажман на Фернандо Љоренте, фудбалерот на Атлетик Билбао.
Атлетик Билбао ја одби понудата од Јувентус вредна 4 милиони евра за Љоренте, па клубот од Торино одлучи повторно да влезе во обид за ангажман на овој напаѓач.
Овој пат, се шпекулира дека висината на понудата од страна на Јувентус би изнесувала близу 7 милиони евра.
Баскијците се одлучни да не го пуштат Љоренте овој преоден период по цена да на него не заработат одлична сума, но од друга страна доколку не го продадат, на крајот од сезоната му истекува договорот, па така оваа политика на Атлетик Билбао е по малку ризична, бидејќи доколку сега не земат обештетување од овој трансфер, на лето би заминал како слободен играч.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: