Се породила на погребот на свекрвата

Французинка родила ќерка во црква, за време на погребот на мајката на нејзиниот сопруг. Додека присуствувала на погребната церемонија на свекрвата, девојката од Сан Жан ле Блан, почувствувала болки во стомакот. 

Веднаш било повикано амбулантно возило, но на бебето очигледно му се брзало и не ја дочекало брзата помош. Девојката ја внеле во црквата и таму се породила со помош на еден роднина, лекар во пензија.

Бебето кое го крстиле Гвендолина и покрај необичното место на раѓање е сосема здраво и стана хит во Северна Франција.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: