Реал сериозен во намерата да го ангажира Бејл

Како што пренесуваат шпанските медиуми, се вели дека екипата на Реал Мадрид, сосема извесно е дека ќе тргне во сериозен атак за ангажман на велшанецот од редовите на Тотенхем, Герет Бејл.

Свесен за големиот интерес за ангажман на Герет Бејл, Андре Вилаш Боаш истакна дека Герет Бејл нема да биде на продажба во јануари.

Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека Реал веќе стапил во контакт со англискиот премиерлигаш на кого му испратил конкретна понуда.

Се шпекулира дека Реал Мадрид понудил 33 милиони фунти за ангажман на Герет Бејл, а вклучувајќи со бонуси, понудата би вредела и до 56 милиони фунти, сосема доволно да екипата на Тотенхем се предомисли.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: