Желбата за Мекдоналдс на една школска секретарка ја чинела 9.000 долари казна

Поранешна секретарка во средно училиште на Менхетен, Капи Вера доби парична казна во вредност од 9.000 долари, откако е откриено дека ја задоволила својата прекумерна потреба за брза храна со парите од ушилиштето во кое работела.

Kапи Вера, за своите лични потреби направила повеќе од 3.000 долари трошок на школската кредитна картичка од август, 2009 година, до мај, 2011 година, процениле инспекторите. 

Таа повеќето од парите (кои се наменети исклучиво за училишните потреби) ги потрошила на брза храна, односно купувала храна од Мекдоналдс 4 пати дневно. Вера исто така од вкупниот износ, потрошила 342 долари во Сабвеј и 190 долари во Бургер Кинг.

За време на испрашувањето, Вера признала, дека само 5 пати имала купено храна за себе со училишната картичка, меѓутоа не сакала да им ги предаде фискалните сметки на инспекторите, со кои ќе се објасни големината на трошоците.

Таа дала отказ од работното место и повеќе не е квалификувана за повторно вработување.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: