Црвенковски повикува на насилство во последните три години

 

Сител во Дневникот во 19 часот направи една ретроспектива на случувањата во последните три години и посочува дека сценариото беше комплетно идентично како и она што деновиве се случува.

Во прилогот се вели дека една година траеше политичката криза што СДСМ и партискиот лидер Бранко Црвенковски ја иницираа кон средината на 2010 тата, а која резултираше со изборен пораз на предвремените парламентарни избори на 5 ти јуни 2011 тата. Тогаш мотив беа стечајци, тутунари. Во сето ова главен аргумент на опозицијата тогаш беше немање демократија со обвинувања до власта дека Македонија е тоталитарна држава.

Цело време опозицијата кампањата ја видеше преку медиумите на Рамковски. Вториот сериозен удар беше напуштање на Парламентот кое се случи на 28 ми јануари, 2011 та година. Повод беше блокирањето на сметките на Велија, како резултат на тогашните истражувања на надлежните институции. Излез од тогашната ситуација СДСМ бараше во предвремени избори, заканите беа идентични како и денеска. Демократијата во основа на сите говори.

Три недели подоцна, премиерот Никола Груевски предложи предвремени избори, СДСМ ги прифати, но нивното одржување го услови со свои барања. Политичката криза се продлабочуваше, неколкуте лидерски средби кај Иванов не дадоа резултат. Црвенковски беше дециден: Нема избори без играње по нашите правила. Само десет дена подоцна Црвенковски ја промени одлуката, се откажа од сите барања и убеден во победата најави избори.Вторите предвремени Парламентарни избори од ОПСЕ и и ЕУ и сите меѓународни фактори беа оценети како најдобро организирани во историјата на Македонија. На нив СДСМ доживеа пораз.

Довчерашните забелешки за угушената демократија, за обидите за фалсификат, за теророт врз слободата паднаа во вода. Црвенковски три часа по затварањето на гласачките кутии го призна поразот.

Погледнете го видеото:

 

Пронајдете не на следниве мрежи: