Пет знаци дека му се допаѓате

Претпоставувањето дали му се допаѓате или не, и анализирањето на секоја негова интеракција, секогаш ве става во недоумица. Најтешко е да дознаете што некој мисли, особено кога за таа личност знаете многу малку или пак кога истовремено се игра играта на заведување од двете страни.

 

Еве неколку знаци (од машки аспект) дека сигурно му се допаѓате

1. Ви се јавува

Колку пати сте седеле до телефонот и сте очекувале момчето што ви се допаѓа да се јави. А, кога нема да го направи тоа, измислувате безброј оправдувања зошто неможел, колку да си обезбедите привремена утеха и секогаш само во вашата глава  момците „имале“ причина зошто не го направиле тоа. Но, тоа се само залажувања. Секое момче на кое му се допаѓате и сака да се јави ќе се јави.Просто и едноставно .

 

2. Сака да се запознаете и со други луѓе од неговиот живот

Можеби се тоа пријателите, можеби неговиот цимер, шеф, неговите соработници, кучето, може да е кој било. Ако сака да го запознаете секој, од неговата мајка до колегата, надвор од границите на неговиот стан, тоа е еден од најбитните знаци дека му се допаѓате.

 

3. Ве слуша и ги памети сите мали нешта кои ги раскажувате

Кога седите заедно, се потсетува дека, на пример, некогаш сте му споменале дека го сакате Мајкл Џексон и го споменува тоа повторно. Обрнувањето внимание на ситни детали е нешто што машките го прават кога им се допаѓате.

 

4. Гледа во вас – и тоа многу

Сте го фатиле како гледа во вас, како ве гледа дури од другиот крај на просторијата. Како ве гледа додека ја ја чешлате косата, односно не го трга погледот од вас. Дечко кој сака да биде со вас, сака да набљудува што правите – постојано.

 

5. Прави нешта на ваш начин

Дали станува збор за вашата омилена вечера, дали вашето омилено кафе или омилената музика на радио, ако тој обрнува внимание, ќе знае како сакате да ги правите нештата и ќе се осигура да ги направи на ваш начин.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: