Спиела 4 дена и пеела песна која не ја знаела

Британката Шенон спиела цели 4 дена, а во исто време пеела и една иста песна, иако го знаела само нејзиниот рефрен. Оваа млада девојка, која боледува од реткиот Клајн-Левин синдром, познат како „Синдром-заспана убавица“ ги пропушта сите важни датуми во својот живот затоа што спие со денови. Како што вели и самата, ниту се израдувала на својот роденден, ниту на Божик, ниту на било кој друг датум. Се чувствува како да е во кома.

Откако лекарите и го дијагностицирале овој редок синдром, таа е подведена на лекарска помош. 17-годишната Шенон се надева дека еден ден ќе се излекува за да може да ја оствари својата животна желба – да биде медицинска сестра.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: