Околу 5,5 милиони парчиња оружје чуваат дома Германците

Речиси 5,5 милиони законски продадени парчиња огнено оружје се наоѓаат во рацете на Германците, покажуваат релевантните податоци на прес-службата на министерството за внатрешни работи на Германија, добиени од тамошниот единствен регистер за оружје.

За намерата за форимрање единствен електронски регистар на огнено оружје, германското министерство за внатрешни работи објави во ноември годинава. Првите податоци за задолжително регистрирање на оружјето и неговите сопственици се складирани во бзите на податоци 550 на неповрзани меѓу себе институции. Новиот регистар, кој официјално ќе стапи на сила од 1-ви јануари 2013 година, им дава на властите можност да го откријат патот на секое огнено оружје, од производителот до сегашниот сопственик. Се претпоставува дека ова во голема мера ќе ја олесни работата на полицијата и ќе обезбеди поголема безбедност. Слични листи на оружје мора да бидат формирани во сите земји членки на Европската унија до крајот на 2014 година.

Во последниве години во Германија имаше неколку големи
инциденти со употреба на огнено оружје. Особено тамошната јавноста беше растревожена во март 2009 година, кога тинејџер застрела соученици и наставници во неговото поранешно училиште во градот Виненден, на 20 километри од Штутгарт. Тогаш загинаа девет ученици (од кои осум девојки) и три наставника. Покрај тоа, сторителот уби човек во клиника во непосредна близина на училиштето, а потоа уште двајца случајни минувачи. Потоа, тинејџерот беше застрелан. Слична трагедија се случи во април 2002 година во Ерфурт, каде што 19-годишниот ученик Роберт Штајнхозејр застрела во локалното училиште 16 луѓе – наставници, ученици и полицајци. Тој потоа изврши самоубиство.

Дискусијата околу можноста за зајакнување на контролата врз продажбата и поседувањето огнено оружје се разгоре во Германија во декември по трагедијата во американското училиште во Њутаун, каде 20-годишниот Адам Ланза уби 26 лица од кои дваесет деца на шест и седумгодишна возраст. Сепак, поголемиот дел од германските политичари се против таква мерка, бидејќи германскиот закон за оружје, според нив, и така е еден од најригорозните во светот.

Пронајдете не на следниве мрежи: