Која е причината што не сте во врска? Сигурно има некој кој е совршен за вас но додека го најдете еве неколку каратеристики на знаците кои се причина за вашите неуспешни состаноци.
Овен
Самодовербата која ја имал овенот на почетокот на врската можеби била привлечна но сега почнува да ви оди на живци. Овенот треба да го намали своето его и да престане со себичниот став ако сака врската да му успее зашто компромисот е најважен .
Бик
Немојте да мислите дека бикот ќе ви остане верен ако престанете да се грижите за својот изглед и станете мрзеливи. Биковите исто така тешко простуваат па да не се изненадите ако ви ја спомене истата работа за која сте се расправале и на наредната караница.
Близнаци
Ако сте навикнати на неверство тогаш нема да се изненадите од близнаците. Тие толку често го менуваат ставот така што тешко е да најдат некој кој ќе ги трпи овие нивни променливи расположенија.
Рак
Ракот има навика да говори за брак и деца уште на првиот состанок па така може да го уплаши партнерот. Раковите исто така знаат да го загушат партнерот наместо да уживаат во љубовта.
Лав
Лавот често знае да се започне караница поради тоа што му значите. Но партнерот не може секој пат да го разбере овој начин да изразување љубов. Лавот може да биде сам подолг период бидејќи сака да освојува.
Девица
Девицата што ви се допаѓа и сакате да ја поканите на состанок можеби не е свесна за тоа зашто таа е многу срамежлива. Поради ова има тенденција многу рано да се откаже од врската и да се повлече во себе.
Вага
Врските на вага можат да бидат катасрофални ако продолжат со бирање на партнери со скрешено срце кои тие пробуваат да го излечат. Вагите имаат навика да бидат во врска со некој кој не им одговара па затоа често се манипулирани од партенрот.
Шкорпија
Интересната шкорпија во врската може да стане многу здодевна. Таа знае да има став “се или ништо” а тоа може да го одбие партнерот на почетокот. Исто така сакаат да контролираат а тоа ретко кој може да го поднесе.
Стрелец
Сигурни ли сте дека ваште стандарди не се превисоки? Точно е дека вредите но ставот дека никој не е доволно добар за вас воопшто не е привлечен.
Јарец
Јарецот знае да биде дрзок и љубоморен се додека не ја добие самодовербата која му е потребна. Но за жал тоа може да трае многу долго така што многу партнери се откажуваат пред да го почувствуваат вистинскиот јарец.
Водолија
Водолијата секогаш го кажуваа тоа што го мисли и е многу забавна по природа. Ова може да биде многу слатко на почетокот но константното докажување и расправии станува голем проблем во иднина.
Риби
Честата жртва на рибите може да биде многу деструктивна особено ако продолжат да се во врска која не им одговара. Рибите знаат да одберат партнер кој ги искористува па затоа ја прекинуваат врската.
Пронајдете не на следниве мрежи: