Дали сте во лоша врска?

 

Сте биле некогаш во токсична врска? Врска во која сте си кажувале на себеси – бегај одовде побрзо – но секој пат кога ќе ве напушти таа мисла, не можете да соберете храброст да заминете? Дел од вашиот мозок секогаш наоѓа оправдувања за ова.

 

Зарем врската во која сте постојано несреќни е вашата идеа за вистинска љубов? Размислете подобро. Доколку се наоѓате во врска во која некој правел да се чувствувате среќно, но не повеќе, она што ве држи до таа личност е стравот.

 

Константно стравувате дека ако си заминете, никогаш повторно нема да најдете некого, се плашите дека ќе останете сами . Мислите дека она што навистина го сакате нема никогаш да се случи, така што наместо да ја искористите шансата за излез од она што ве прави несреќни и да продолжите со животот, вие одлучувате да се фиксирате до него. За жал, во тие моменти не ја гледате другата страна.

 

Мислите дека ја ја избирате вистинската одлука, па останувате во нездрава и несреќна врска, убедени дека тоа е правилното нешто и се поради стравот. Замислениот страв. Меѓутоа тоа е во ред и разбирливо, но бидете реални, како се појавил тој дечко, ќе се појави и некој друг, и друг по него. Зарем не сте слушнале милиони случаеви кои се осеќаат исто како вас или биле во ваша ситуација некогаш? Размислете и прифатете ги нивните совети. Секогаш има подобро.

 

Не можете да смените некого, ако тој ве третира лошо, мала е веројатноста дека ќе престане и кога тогаш ќе избувнувне, па дури и за мали ситници – и знаете дека е така.

 

Не си дозволувајте да патите во несреќна врска, кога може да сте постојано насмееани со некој друг. Знаете како велат- подобро човек да биде сам и среќен, отколку со некого, а мизерен. Но, сепак  за секого постои некој.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: