Хороскопските знаци и килограмите

Дали некогаш ви се случило да направте се што се замислиле од Јануари до Декември? Претпоставувам дека не, а тоа особено е точно коа се работи за одржување на вашата тежина, диета и пркатикување на вежби.

Еве неколку совети како хороскопските знаци  да го подобрат својот начин на живот преку вежби и диета.

Овен

Иако треба да изгубите некој килограм вие одбивате да вежбате. Ако мислите дека одењето од влезната врата до колата е вежба тогаш се лажете себе. Најдете програма за вежбање која вам ви одговара.

Бик

Биковите сакаат вкусна храна но не вреди заради еден вкусен оброк да го уништите се она што сте го работеле предходно. Побарајте некоја книга со рецепти која во исто време ќе има ниско калорични оброци а интересни јадења.

Близнаци

Близнаците немаат проблем со диета и можат со денови да јадат многу малку. Тие се едни од ретките знаци кои треба да додадат килограм плус. Ако сакате да вежбате може да почнете со јога или тај чи немора да се оптоварувате премногу.

Рак

Мора да имате доволно вода во себе и да го намалите нивото на содиум. Ако неможете без сол најдете некоја алтернатива за него па потоа слободно почнете со вежбање.

Лав

За жал твоите омилени јадења се оние кои содржат најмногу маснотии. Но ако побарате некои други алтренативи за вкусни јадења можеби ќе се откажете од претходните навики.

Девица

Дали ја броите секоја калорија што ја венсувате и мислите дека маснотиите и шеќерот се отрови? Точно е дека поради тоа имате витка става но немора секогаш да бидете толку строги,  можете понекогаш да си доволите и некој хамбургер.

Вага

Вие сте едни од најсоцијалните знаци па затоа кога одите на забави немора секогаш да јадете се што има на масата. Можете да пробате нешто што изгледа вкусно и поминете го остатокот од времето журкајќи се.

Шкорпија

Вие одите до екстремност. Можете да решите и ништо да не пробате цел ден но тоа да го надополните со огромен оброк утредента. Тоа во никој случај не е добро за здравјето па затоа пробајте да направите некој балас и да јадете помалку а почесто.

Стрелец

Ви сте спортски дух по природа па затоа обожавате да вежбате. Но и покрај тоа што имате добра фигура вие сакате да изгледате уште послабо. Не претерувајте бидејќи никој не бара од вас да бидете топ модел.

Јарец

Дали работите повеќе од потребно? Ако одговорот е да,  значи дека денот ви поминува во многу кафе, некоја кифла и ручек во ресторан. Сите знаеме дека домашната храна е најдобра за здравјето па затоа ако сакате да продолжите со ова темпо на работа сменете нешто во вашите навики.

Водолија

Од сите знаци во зодијакот вие сте најсреќниот знак коа станува збор за здраво тело. По природа сте многу јаки и интелегентни па затоа не поминувате ни миг помислувајќи на храна. Исто така знаете дека половина час трчање е доволно за да останете во топ форма. Што чекате почнете со трчање уште  денес!

Риби

Вашата најголема мака е кога сте во депресија сакате проблемот да исчезне преку храната. Исто како Ракот имате проблем со задржување на водата во телото но вашиот уметнички дух ви помага да најдете совршено хоби за вас како што е јогата и тај чи.

Пронајдете не на следниве мрежи: