Многу често сме сведоци на тоа како се критикуваат фудбалерите. За нив се зборува како за необразовани луѓе кои излегуваат исклучиво со манекенки, се возат само во скапи автомобили и се „влезени во филм“. Звучи познато, нели? Сигурно сте слушнале уште многу други мислења и „луди идеи“ за фудбалерите, но дали се вистина или стереотип?
1.Фудбалерите излегуваат само со манекенки
Апсолутно е погрешно тврдењето дека фудбалерите не би излегувале со девојка која не е манекенка. Исто така е неточно тоа дека доколку не се светски познати, личности како нив не би биле во врска со некоја толку убава девојка. Зарем девојката на Касилјас е манекенка? Не, таа е новинарка. И не е само Шпанецот. Голем број на фудбалери докажуваат дека истите, партнерката не ја бираат врз основа на нејзината професија.
2. Фудбалерите се веселат само во кафана
Уште еден стереотип. Навистина, не е дека тие го слушаат Бах, како што и голем број на луѓе не го прават тоа, но ако некогаш се фотографирани во некоја кафана, не значи дека слушаат само кафанска музика или дека тоа ги прави прости. Зарем секој од нас не бил барем еднаш во кафана?
3. Фудбалерите обожаваат тетоважи
Ако ги земете како пример Бекам или Матераци, тогаш сакаат. Но има и многу фудбалери без ниедна тетоважа. Токму затоа не смееме да тврдиме дека сите фудбаери имаат исти желби и потреби иако имаат иста професија.
4. Фудбалерите носат „педерки“
Да, торбичките се многу популарни, но не само кај фудбалерите туку воопшто кај машкиот пол кому му се наменети. Тие се нормална појава, особено во последниве години. Додека ги полнат џебовите и губат клучеви, пари или мобилни телефони вака се ќе им биде средено на едно место. Светските брендови како Луи Витон прават вакви торбички наменети исклучиво за спортисти.
5. Фудбалерите се необразовани
Дефинитивно уште една невистина. Доколку некој одлучил дека фудбалот ќе биде неговиот живот тоа не значи дека не завршил училиште или дека е необразован. Веројатно овој стереотип доаѓа од училишните клупи кога додека „бубалиците“ седеле над книга, останатите шутирале топки во салите или игралиштата.
6. Сите фудбалери се ниски
Не се знае кога настанал овој стереотип, меѓутоа ако го гледате на пример Питер Крауч дефинитивно нема да се сложите со ова тврдење. Сепак, кому му е битна висината ако си Роналдо, Кака, Меси, Бекам, Џерард, ван Перси или друг фудбалер?
7.Фудбалерите изневеруваат
Апсолутен стереотип кој настанал откако се дознале неколку афери на фудбалерите. Меѓутоа, ако се тие богати, успешни, познати тоа не значи и дека сите изневеруваат. Сепак, кога станува збор за неверство можеме слободно да кажеме дека оној кој решил да изневери ќе го стори тоа без оглед на неговата професија.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: