Голди Хон се појави во јавноста без шминка и не наликува на ништо што досега сме навикнале да го гледаме од неа.
Сите изгледаме помалку гламурозно без шминка на нашето лице, но 66 годишната актерка е скоро непрепознатлива во ова издание, иако не доволно непрепознатлива за да ги избегне папараците.
Но, малкумина од славните личности имаат храброст да се појават во своето рпиродно светло во јавноста, особено во поодминатите години. Појавени без шминка во јавноста, не изгледаат лошо само во нашите очи, туку и тие самите се справуваат тешко со фактот дека стареат и дека не секогаш ќе изгледаат како 20 годишни девојки, посакувани од момци на било која возраст.
Можеби не изгледа привлечно Голди во ова издание, но како пак би требало да изгледа сериозна жена со своите 66 години? Сигурно дека и „пластиката“ која ја практикуваат многу од нив, можеме да се сложиме дека многу пати сме се згрозиле кога ќе видиме некој што се обидува со сила да изгледа 20 па и 30 години помладо.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: