Ашер подари куче вредно 12.000 долари

Додека повеќето машки одбираат убав накит или скапа облека како совршен подарок,  Ашер реши на ќерката на својата девојка да и купи кученце. Откако се избори со другите учесници за време на хуманитарната аукција „Пенсил оф промис“ во Њујорк, тој за 12.000 долари го доби кученцето кое сега е во сопственост на ќерката на неговата девојка Грејс Мигел.

Ти-Џеј Холмс кој присуствуваше на настанот изјави: „Го гледав Ашер како ја добива војната за ова куче на хуманитарниот настан. Вредно е 12.000 долари, а доби и неверојатно грижлив сопственик. Ова кутре навистина е голем среќник.“

Ќерката на Грејс на социјалните мрежи веќе објави и неколку фотографии од своето преслатко кученце.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: