Дефинитивно можеме да кажеме дека 2012 година беше и повеќе од успешна за нашиот музичар Влатко Илиевски. Уште на почетокот на годината, Влатко го одржа концертот „Ден за љубов и вино“, на 14 фебруари, во салата на МОБ, во кој присутните уживаа во романтичната атмосфера.
Но кога е во прашање Универзалата сала, таа како да му стана втор дом на Влатче. Тој учествуваше на Радискиот фестивал, 50 години евергрин а во декември годинава го одржа и својот солистички концерт. Но покрај тоа, Влатко Илиевски беше домаќин на 17 преполни претстави на фестивалот „Златно Славејче“, како и на 10 претстави „Има ли спас за Дедо Мраз“ – каде тој ја глуми токму главната улога. Ако земеме предвид дека капацитетот на Универзалната сала во Скопје е измегу 1500 и 2000 луѓе, тогаш Влатко годинава, само во Универзалата сала го погледнале 50.000 гости! Ова е бројка што не е за потценување.
И додека новогодишната претстава е се уште во тек, Влатко повторно го најави својот традиционален концерт на 14 фебруари за 2013 година. Браво Влатко, само така продолжи.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: