Пронајдено мистериозно суштество; пола мајмун, пола куче

Суштеството изгледа како куче со глава на мајмун и е пронајдено во складиштето на бензиска пумпа во Боцвана. Според зборовите на работниците кои го пронајдоа ова суштество, неговото торзо било пред распаѓање па можеле да му ги видат неговите внатрешни органи…

Вработените на бензиската пумпа во афричката земја Боцвана, останаа занемени и преплашени, откако го откриле по некоја случајност ова мистериозно суштество. Животното го нарекле Токолос, а како што кажуваат, изгледот потсетува на гоблин.

 

Суштеството е пронајдено во кутија во складиште, а како се нашло таму не е познато. Животното изгледа како мајмун со тело на куче… 

Вработените откако го виделе, почнале да вриштат и да бегаат од просторијата. 

Шефот на бензиската пумпа, е муслиман и тој верува дека постои причина зошто ова суштество се нашло таму. 

Иако работниците предложиле суштеството да се запали, властите се сложиле дека е најдобро најпрвин да се извршат испитувања врз него, а потоа да се закопа за да не се шири голема паника….

 

Пронајдете не на следниве мрежи: