Теретаните во 40тите

Девојки, дали сакате да изгледате како “морска нимфа” на нејзиниот пат кон здравјето и среќата?”Ако сакате да ги видите бизарните и необични справи на кои вежбале кутрите жени од периодот на Втората Светска војна, погледнете ги приложените слики.

 

Тие можеби не знаеле за денешните приватни тренери или спининг и јога, но ова видео наречено “Battle of the Bulges” (“Битка со нерамнините”), покажува како всушност жените од минатиот век морале да се справуваат со машини од кои најтрауматичното искуство во теретана ќе ви изгледа како “гола вода”.

Снимката од 1941 година прикажува шест оскудно облечени девојки кои се смешкаат и ја прикриваат болката во себе, додека нивните “грутки и нерамнини” се немилосрдно удирани од вискозните уреди наречени “Hoops and Tombolas”, кои треба да претставуваат машини за тонирање на телото.

 

 

За време на видеото, машкиот глас се обраќа кон девојките, велејќи им дека “откако помогнале во победата на војната, сега е време за нова битка – битка со нозете и бедрата”.

Но, верувале или не, пораките упатени од мажот кој зборува не се најбизарните во видеото – она што е најневеројатно е фактот дека иако фризурите и костимите за капење на девојките се типични за тоа доба, тие вежбаат во високи потпетици.

Според претставникот на компанијата која го објави видеото – “Pathe”, ваквата реклама била вообичаена во тоа време, а трендот за вежбање на потпетици започнал една декада порано, во 1931-ва година, со фитнес видеото “Easy Steps to Slim”.

 

 

 

“”Battle of the Bulges” е одлично видео, но прилично сме сигурни дека тие машини немале никаков ефект врз телото.

 

Можеби томболата е претходник на вибрациските машини, но без сомнеж, во рекламата се појавуваат девојки кои веќе имале прекрасни фигури”, изјавил претставникот од “Pathe”.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: