Дневен хороскоп за 30.12.2012
ОВЕН
Во саботата нема дневни аспекти што значи дека ќе бидете под влијание на оние кои се веќе во сила и делуваат од заднина, но и новите кои се егзактни во недела, посебно аспектите на Сонцето со Плутон и Сатурн, што директно може да делува на вашето его поради обиди да се наметне својата доминација, супремација, на личности кои се доста постари од вас, да ви кажат како треба, како не треба, што да направите, како да направите и слично, завлегувајќи во ефемерни детали. Секако најпрво мислам на родителите, барем едниот од нив. А ваквите аспекти се во оптек и викендот и понеделникот.
БИК
Ќе сакате викендов и нешто по него да бидете во центарот на вниманието особено пред роднини, на партнерот во прв ред, да наметнете свои идеи или пак едноставно да ги контролирате работите и ситуацијата. Имате добра тактика, им се обраќате на постарите, најпрвин со должна почит и смиреност, што секако ќе наиде на одобрување и поддршка. Со помладите ви е веќе полесно, па за вас и не би ме чудело ако и успевате на мирен и тивок начин да се наметнете како критериум за многу работи. Убаво е тоа чувство, но убава е и одговорноста поради моќта за се да се биде супервизор.
БЛИЗНАЦИ
Ќе имате потреба од помош или поддршка од најразновиден вид и тип која и ќе ви биде дадена но со условувања, со обиди да ви се наметнат некакви идеи и решенија. Ако е во прашање некаква финансиска потпора веројатноста дека ќе прифатите е голема, и зависи од вашите потреби по финансии и пари, а мислам дека ретки се тие кои би одбиле поради некакви услови за кои вие мислите дека се само проформа дадени. Мислам дека ќе се изненадите колку ќе се инсистира на нив, особено ако се направени и во писмена форма.
РАК
Малку повеќе драматика околу парите, не се нешто многу и неброени, па затоа вие ќе се обидете да бидете реални и штедливи, а некој, мислам најпрво на партерот, ќе се обиде да биде нереален и “само еднаш се живее” да го наметне како став што за вас ќе биде тотално неприфатливо. Во зависност од тоа кој е носител на поголемиот дел од финансиите дома и во зависност од вашиот пол, наметнувањето може да биде посмирено или поагресивно, што е добра основа да си ги расипете празниците. Прашање е кој е помудар за да попушти.
ЛАВ
Месечината во вашиот знак од неделата, па следните два и кусур дена покажува дека ќе имате прилично драматични чувства, возбуда можеби поради истото, а какви зависи од тоа дали ви е хороскопот интегриран или не, дали некој ќе ви наметнува волја во смисла на типот и видот на забавата, посебно за пречекот на Новата година. Некој од вас поради таквите причини и ќе ги откажат планираните дружења. Но, и спротивната опција е можна, да ви се откажуваат дружењата за пречекот на Новата година поради ваши инсистирања и наметнување волја.
ДЕВИЦА
Можеби децата ќе ви го организираат пречекот на Новата година, поради наметнувањето на свои потреби и причини, можеби поради тоа што никој не ќе може да се занимава со нив или да ги чува, и ред други нешта врзани за нив. Од друга страна новата врска ако сте во неа не може да има некоја перспектива ако некој од вас наметнува ставови, начини на забава, желби и слично, со други зборови ако сака постојано да е центар на вниманието. Иако на прв поглед може да е интересно, на втор и сите останати станува досадно.
ВАГА
Викендов малку чудни аспекти. Најпрво во саботата нема ниту еден дневен брз аспект, па оттаму денот ќе ви биде онаков каков вие си го посакувате, но тоа секако зависи од претходниот ден и неговите аспекти. Но во заднина се случува нешто друго. Сонцето во недела има два аспекта со Плутон и со Сатурн, аспекти кои имаат влијание и во саботата, неделата, но и понеделникот. Се работи за обид да се наметне и да биде последна вашата во сите видови и облици на комуникација, со домашните или со едниот родител, притоа заземајќи една мирна и авторитетна позиција, доминантност, важност. И Папата би можел да учи од вас.
СКОРПИЈА
Можеби нешто ќе се обидете да му покажете на својот брат, сестра или да ги подучите во нешто, да им посочите, но во суштина да им покажете колку сте посупериорни од нив. Убаво е што манифестирате скромност, само се плашам дека е малку преизнасилена за да биде искрена. Реакциите можат да ве изненадат, бидејќи мислите дека убаво ја изведувате “претставата” јас сум скромен/а, но и не знаете колку другите ве познаваат. Во секој случај, ептен постарите лица ќе бидат одушевени од вас.
СТРЕЛЕЦ
Кога се на прагот големи празници, кога софрата треба да е полна според некои стереотипи, иако канонот вели скромна во овој период на пости, сакате да диригирате а знаете дека диригентската палка е супериорна ако е финансиска. Со други зборови, сакате да доминирате и да ги одредувате начинот и видот на трошењето, за количината да не зборувам, малку повеќе ми заличувате на долните типови на Јарецот според кои се напишани еден куп книги за скржавоста. Не е битно што ќе потрошите, но потрошете го тоа за среќата на другите и од срце. Ќе ви биде подобро.
ЈАРЕЦ
Имате изразити автократски одлики, сакате да се наметнувате и се лутите кога ќе ви кажат да сопрете малку, бидејќи не сте навикнати на директност во кажувањето, па не така лесно го прифаќате истото. Но ако повеќе луѓе реагираат исто, би требало малку да се запрашате да не е случајно вистина дека не можете да се согледате, бидејќи нормално се што правите правите од најдобра намера, но притоа заборавате дека не можете да одлучувате за другите што е добро за нив а што не е. Тоа најчесто сите го забораваме, а викендот можеби токму тоа ќе го научите.
ВОДОЛИЈА
Сакате да влијаете на другите, а викендов ќе се обидете тоа да го правите на суптилен и понешто конспиративен начин. Но, во суштина пак е изразена вашата желба да се доминира, да се биде супериорен, па можни се реакции од околината, постарите најпрво, оние кои имаат доста животно искуство, и кои прошле низ сите односи. Нешто повеќе драматика на темава и такви емоции може да имате од партнерот, во неделата. Повеќе шанси за вакви нешта сепак имаат машките припадници на знаков од своите партнерки.
РИБИ
Можеби ќе имате обиди од доминација од некој ваш пријател или вие ќе доминирате во некаков однос или теми со своите пријатели. Но сепак тоа ќе го правите на многу мирен начин, со аргументација пред која и боговите ви молчеле. Во случај на обиди за нивна доминација и наметнување, ви препорачувам да не влегувате во материјална расправа и објаснување, да си го задржите мирот и едноставно да го прекинете контактот или да си заминете од нивната близина и можност за делување.