Најсилните деца на светот кои држат светски рекорд (видео)

Браќата Џулијано (7) и Клаудио (5) од Романија, тренираат дури 4 часа дневно, а тренинзите им ги води нивниот татко Јулијан. Овие млади снагатори, прават склекови на кои сите можат да им завидат.

 

Тие имаат само 7 и 5 години, а официјално се познати како најсилните деца на светот. Имено, браќата Џулијано и Клаудио во својата куќа имаат теретана во која тренираат 4 часа дневно. Младите снагатори имаат јасно исцртано тело, прават склекови, издржуваат гимнастички акробации на кои и возрасни момци со искуство би им завиделе. 

 

Џулијано го држи светскиот рекорд за изведување склекови во вертикала, односно под агол од 90 степени. Како што истакнува нивниот татко, тој не мора да ги тера да тренираат, тие тоа самите обожаваат да го прават. Тоа особено може да се забележи после секоја вежба, која тие ја прават насмеани колку таа и да е тешка. 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: