Дете хобит: Кинез со џиновски стапала (видео)

Ксиао Менг од раѓање боледува од неурофиброматосиса, пореметување поради кое стапалата му се со џиновска димензија. 

 

Неговата учителка минатата година, покренала акција за собирање на пари за неговата операција, која добила толку многу внимание, што болницата решила да ја направи бесплатно.

 

Ксиао Менг има 14 години, а неговата болест предизвикува неговите стапала да бидат 5 пати поголеми од вообичаено. Менг со ова пореметување живее од неговото раѓање. 

 

Другарите во училиштето го нарекуваат “дете-хобит'', но шегите не се најстрашното нешто што може да му се случи на ова дете. Имено, Менг поради огромните стапала,не може да најде чевли кои ќе му одговараат, па затоа е приморан на училиште да оди бос.Единствено решение, му се чорапите кои ги плетат специјално за него, а тој ги носи во зимниот период.

 

Иако ова пореметување на Менг му е дијагностицирано веднаш по раѓањето, неговите родители немале пари за да му ја овозможат потребната операција. Меѓу тоа, загрижена за неговото здравје, неговата учителка покренала акција за собирање на пари за потребната операција. Нејзината хумана акција привлече огромно влијание, и поттикна една приватна клиника да ја направи операцијата бесплатно.

 

Операцијата може да се изведе, но болен ќе биде процесот на подобрување кој следува после тоа. На Менг, ќе му бидат потребно 6 до 12 месеци пред тој да може повторно да оди. 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: