Сексипилната внука на Осама Бин Ладен

Вафа Дуфор е внука на Осама бин Ладен. Родена е во Лос Анџелес и веќе со години работи на својата шоу-бизнис кариера.

Таа е пејачка, текстописец, манекенка и личност која е често присутна во високите кругови на американското општество.

 

Нејзиниот татко Јелсам бин Ладен е полубрат на најбараниот терорист на сите времиња, кој беше убиен на 2 мај во Пакистан, но Вафа го видела својот чичко Осама само еднаш, бидејќи со фамилијата на нејзиниот татко немала многу контакти.

За Вафа Дуфор сите велат дека е многу талентирана девојка. Има 35 години, а до сега го има пропатувано светот.

 

Детството го поминала во Л.А, потоа се преселила во Саудиска Арабија со својата фамилија, а после тоа во Женева.

Нејзините родители се разделиле во 2006 година и наводно од 15 години не контактирала со својот татко. После нападот на 11. септември 2001 година го презела мајчинското презиме Дуфор. Вафа има завршено право на Универзитетот во Женева и на Универзитетот во Колумбија. Требала да има свое шоу но проектот не успеал.

 

Во 2006 година таа го снимила секси едиторијалот за списанието “CQ” и така се прославила кај машката популација.

 

“Тешко е бидејќи се уште морам да објаснувам која сум. Секој пат кога запознавам некого морам детално да објаснам се за да не добијат погрешен впечаток за мене”, кажала за интервјуто во списанието Вафа. Освен многубројните активности, таа била модел на бројни престижни ревии и трпеливо чека да и се отворат вратите на Холивуд.

Пронајдете не на следниве мрежи: