Оживеала после цели три дена во мртовечница

На само неколку минути пред аутопсијата, Људмила Стеблицкаја преживеала. Бабата од Русија два пати била прогласена за мртва, два пати оживеала, па дури и преживеала цели 3 дена во мртовечница.

Нејзиното семејство се подготвувало за погребната церемонија кога докторите им се јавиле за да им ја соопштат среќната вест. Бабата сега е добра, иако кожата започнала да и се лупи заради ниската температура во мртовечницата. 

Докторите не можат да сфатат како се случила ваква грешка затоа што се прават детални испитувања и проверки пред личноста да се прогласи за мртва.

Оваа „супер-баба“ прв пат се вратила во живот во ноември, откако го преживеала срцевиот удар по укажаната медицинска помош на докторите.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: