Неверојатни екстремни преобразби

Кандидатите на шоуто “Екстремно убави” цели 8 недели се одделени од својата фамилија, доживуваат огромни болки после естетските операции и се соочуват со нивните најголеми комплекси, но ги одржува надежта дека никогаш повеќе нема да изгледаат како порано.Новото шоу на германската “RTL2” – “Екстремно убави”, е најновиот хит меѓу народoт и нуди целосно менување на изгледот на оние кои ќе се пријават.

Шоуто е возбудливо, исполнето со тензија, драма, солзи, прикажува дел од најскриените човечки комплекси и не залудно за неверојатно брзо време привлече милион и половина гледачи.

 

Избраните кандидати за учество во шоуто во текот на два месеци, набљудувани од доктори, психолози, нутриционисти и фитнес тренери, речиси целосно го менуваат својот изглед.

Во најголем број од преобразбите резултатите се изненадувачки, а исто толку неверојатни се и трошоците. Имено, една ваква промена чини и до 30.000 евра.

 

 

И покрај тоа што многу од кандидатите режимот го споредуваат со тортура, дисциплината и истрајноста на крајот се исплатат – најхрабрите заминуваат дома изгледајќи навистина поубаво во споредба пред третманот.

Пронајдете не на следниве мрежи: